Дома Фудбал Влаховиќ одбива нов договор и заминува од Јувентус?!

Влаховиќ одбива нов договор и заминува од Јувентус?!

Иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус е неизвесна, пишуваат италијанските медиуми.

Последниве денови беше доста турбулентно во односот Влаховиќ – навивачите на Јувентус. Српскиот напаѓач беше изложен на навреди од трибините, влезе и во вербален конфликт со одредени приврзаници на „старата дама“, но брзо се изгладија работите, а тој на критиките одговори на најдобар можен начин – со гол против Каљари во Купот.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Се пишува за повторните интереси на Арсенал поради незадоволството од формата на Габриел Жежус и Кај Хаверц кои не успеваат да донесат голови во континуитет. Но, засега, тој ќе остане дел од „бјанконерите“.

Јувентус е спремен да му понуди нов долгорочен договор со тоа што би му ја намалиле платата и таа би била постепено се помала како што соработката би одминувала. На него таквото решение не му се допаѓа и би можел да замине како слободен агент во летото 2026 година, пишува „Ла Република“.

Доколку не потпише нов договор, Јувентус веројатно би сакал да заработи од неговата продажба, па токму летото би можело да биде пресудно за неговата иднина. Јувентус би барал околу 40.000.000 евра за неговата слобода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Братот на Погба ќе заврши зад решетки поради изнуда!

Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски репрезентативец Пол Погба (31), Мати…