Дома Фудбал Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од страна на Арсенал за трансферот на Душан Влаховиќ.

Иако Микел Артета неколку пати го пофали Каи Хаверц, сите знаат дека сака нов напаѓач, бидејќи Габриел Жезус не ги исполни очекувањата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Англиските медиуми истакнуваат дека Влаховиќ одамна е на мета на Арсенал, кои го следат неколку месеци наназад, но потсетуваат дека има договор до 2026 и дека Јувентус ќе мора да преговара поради тоа.

Исто така, наведено е дека Арсенал се насочил и кон Влаховиќ поради фактот дека би можел да биде достапен за 65-70 милиони евра, додека првата желба на Микел Артета, Александер Исак од страна на Њукасл е проценет на над 120 милиони евра.

Сепак, Англичаните наведуваат дека иако Арсенал ќе се обиде да го доведе во зима, пореални се шансите Влаховиќ да го напушти Јувентус летото 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…