
Португалскиот врвен играч и ѕвезда на ПСЖ, Витиња (26), ги разреши сите шпекулации околу својата иднина и евентуалното преминување во Реал Мадрид. Во интервју за француските медиуми, јасно изјави дека нема намера да го напушти Париз, со што ги разочара челниците и навивачите на мадридскиот клуб, кои го гледаа како идеален наследник на Лука Модриќ.
На прашање за можен трансфер во Реал, кое е актуелно во шпанските и француските медиуми веќе неколку месеци, Витиња беше многу директен. “Би било неразумно да заминам! Не мислам дека тоа е најдобро за мене. Овде во ПСЖ се чувствувам одлично”, изјави за „Канал 11“, а неговите зборови брзо ги пренесоа сите значајни европски медиуми.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Португалецот ја нагласи својата верност кон клубот со кој има договор до 30 јуни 2029 година. “Чувствувам дека луѓето ме почитуваат и дека таа наклоност ја заслужив. Сакам да бидам овде, како и моето семејство. Имаме фантастичен тим и неверојатен тренер”, додаде тој.
Витинја се смета за моторот на средината на ПСЖ, а во Шпанија долго време се претпоставува дека токму тој е играчот кој му недостасува на новиот проект на Реал Мадрид – вистински наследник на Лука Модриќ и Тони Крос кој би ја презел лидерската ролја.