Дома Фудбал Вирц сака само во Ливерпул, трансферот нема да вклучува размена на играчи

Вирц сака само во Ливерпул, трансферот нема да вклучува размена на играчи

Флориан Вирц сака да игра само во англискиот шампион Ливерпул, ако го напушти Бајер (Леверкузен) ова лето, објави „Скај Спортс“.

„Аспирините“ веќе одбија две понуди од Ливерпул и чекаат трета, која може да биде рекордна сума не само за тимот од Мерсисајд, туку и за Англија во целина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бајерн (Минхен) и Манчестер Сити беа подготвени да платат 120 милиони фунти за Вирц, но тој изјавил дека би ја заменил “БајАрена” само со “Енфилд”.

Медиумите во двете земји спекулираат дека Харви Елиот или Џарел Куанса можат да служат како начин двете страни да се приближат до посакуваната сума, но спортскиот директор на Германците Симон Ролфс не е љубител на размена на играчи. Освен тоа, Ливерпул не направил такво нешто веќе 15 години, додава „Ливерпул Ехо“.

Последен пат тоа се случи во август 2010 година при поранешните сопственици на клубот. Менаџерот Рој Хоџсон се согласи да го земе Пол Кончески за 3,5 милиони фунти од Фулам, а во обратен правец тргнаа младите играчи Лаури Дала Вале и Алекс Качаниклич. Кончески одигра само 18 натпревари и беше испратен во Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе мора да почека уште една недела за Марк Геи, но трансферот изгледа неизбежен

Капитенот на Кристaл Палас Марк Геи изгледа се поблиску до посакуваниот трансфер во Ливерп…