
По трансферот на Флоријан Вирц, Ливерпул го насочи погледот кон – Александер Исак!
Од островските медиуми денеска извираат сензационални вести дека Ливерпул има намера да ја отвори касата и да плати 100 милиони фунти, односно 117 милиони евра фиксно, со многубројни бонуси, што би можело дури да го надмине трансферот на Вирц!
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Германскиот играч се очекува да се приклучи на „црвените“ од Бајер Леверкузен за сума од 136 милиони евра, а неговото пристигнување треба да се официјализира до крајот на неделата.
Но, во позадина, Ливерпул исто така го подготвува теренот за доведување на Александер Исак, кој изгледа расположен да го напушти Њукасл, и покрај неговото учество во Лигата на шампионите.
Според медиумите на островот, желбата на Исак за нова авантура би можела да биде клучна и да го поттикне Њукасл на преговори, особено ако Ливерпул дојде со извонредна финансиска понуда.
Навистина звучи фантастично за навивачите дека Ливерпул едно исто лето е подготвен да инвестира во два трансфера во вредност од над 100 милиони евра, а исто така ќе вложи околу 80 милиони за тандемот Керкез-Фримпонг.
Доколку Ливерпул навистина ги осигура овие засилувања за близу 350 милиони евра (вклучувајќи ги и сите најавени бонуси), без сомнение ова би можело да биде најдоброто лето во историјата на „црвените..
Замислете само – Салах и Луис Диаз/Гакпо на крилни позиции, со Фримпонг и Керкез на бековските места, Вирц како плејмејкер зад ударниот Исак… како во видео игра!