
Винисиус Жуниор сè уште не е сигурен за својот останок во Реал Мадрид, но изгледа дека во „кралскиот“ клуб веќе подготвуваат неверојатни засилувања доколку Бразилецот не потпише нов договор.
Мадридските медиуми откриваат дека навивачите повеќе не се толку на страна на Винисиус Жуниор, кој често беше испратен со свирежи оваа сезона. Бразилецот има договор до летото 2027. и доколку не потпише нов, ќе биде продаден следното лето. Јасно е дека Винисиус би бил многу барана стока и дека Реал Мадрид би можел да заработи над 100.000.000 евра, но Флорентино Перез има подготвен план.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Првата цел е асот на Пари Сен Жермен и еден од најдобрите играчи од средината на теренот во светот – Витиња. Секако, тој не би бил директна замена за крилниот напаѓач Винисиус, но би донесол потребен баланс во тимот. И тој сигурно ќе биде скап, но Реал има пари да доплати по заминувањето на Бразилецот.
Исто така, Витиња не е единствената цел, бидејќи Перез сака да ја засили и позицијата на стопер, а првата желба е – Нико Шлотербек. И Германецот на лето влегува во последната година од договорот, нов не сака да потпише, а Борусија за него бара 70.000.000 евра. Сепак, се очекува дека Перез ќе ја намали цената, особено поради фактот што Реал и Борусија се во одлични односи.
Навивачите на Реал веќе пишуваат дека веднаш би го прифатиле заминувањето на Винисиус, а дека би дошле Витинја и Шлотербек, бидејќи во нападот по левата страна може да игра сè подобриот Родриго, кој повторно ја доби довербата на Чаби Алонсо и целата клупа.