Дома Фудбал Винисиус сака најголем договор во историјата на Реал!?

Винисиус сака најголем договор во историјата на Реал!?

Винисиус Жуниор преговара со Реал Мадрид за продолжување на договорот кој во моментот важи до 2027 година.

Иако шпанските медиуми известуваа дека договорот е речиси постигнат, според пишувањата на порталот The Athletic, неговиот агент тврди дека се далеку од постигнување договор. Бразилецот наводно бара најголем договор во историјата на клубот, со годишна плата поголема од 30 милиони евра, со што би го надминал она што некогаш го заработуваше Кристијано Роналдо.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Винисиус пристигна во Реал Мадрид во јули 2018 од Фламенго и оттогаш се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот. За време на престојот во клубот, тој освои 14 трофеи, вклучувајќи две Лига на шампиони (2022 и 2024), три титули на првак на Шпанија (2020, 2022 и 2024), три Суперкупови, Куп на кралот 2023, два ФИФА Суперкупови и две светски клупски првенства.

Во актуелната сезона одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигна 20 голови и запиша 14 асистенции.

На доделувањето на Златната топка 2024 година заврши како втор, но истата година беше прогласен за најдобар играч според ФИФА наградите “The Best”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шчесни за порокот со цигарите: Ја изгубив таа битка

Голманот на Барселона Војчех Шчесни изјави за „ЕСПН“ дека ја изгубил битката со пушењето ц…