Дома Фудбал Винисиус повторно жртва на расистички напади. Судија мораше да го прекине натпреварот

Винисиус повторно жртва на расистички напади. Судија мораше да го прекине натпреварот

Полуфиналниот натпревар од Кралскиот куп помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид (0:1) мораше кратко да биде прекинат поради расистичко однесување на навивачите кон играчите на Реал Мадрид. Инцидентот се случи во завршните моменти на првото полувреме, кога еден навивач беше виден како изведува движења налик на мајмун кон Винисиус Жуниор, бразилскиот крилен напаѓач на Реал Мадрид.

Ова не е првпат Винисиус Жуниор да биде цел на расистички напади за време на неговата кариера во Шпанија. Натпреварот беше посебно значаен за него затоа што за првпат ја носеше капитенската лента за Реал Мадрид.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Според извештаите на ESPN, од трибините се слушаа и повици „Асенсио, умри“, насочени кон младиот играч Раул Асенсио. Шпанскиот судија Хосе Марија Санчез Мартинез го активираше протоколот на Ла Лига против расизмот и го прекина натпреварот.

Службените лица на стадионот ги предупредија навивачите дека натпреварот ќе биде суспендиран или дури и прекинат ако не престанат скандирањата. Овој протокол ретко се применува во Ла Лига иако е дел од правилата, додека ваквите прекини се чести во Конкакаф како дел од нивната политика против дискриминацијата.

Винисиус повторно е жртва

Ова не е првпат Винисиус Жуниор да биде цел на расистички напади. Еден од најпознатите инциденти се случи за време на гостување на стадионот Местаља во Валенсија. Тој случај резултираше со парични казни за Валенсија и апсење на тројца навивачи. Фанови на Атлетико Мадрид исто така беа уапсени во 2023 година поради обесување на кукла со дресот на Винициус на мост, со транспарент „Мадрид го мрази Реал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигаш му нуди размена на Наполи за Осимен!?

Манчестер Јунајтед наводно размислува да понуди 40 милиони евра плус Расмус Хојлунд за нап…