
Легендарниот аргентински фудбалер Марио Кемпес даде интервју за шпанскиот весник “Марка” во пресрет на Светското клупско првенство.
“Добро е да видиме во каква физичка состојба ќе бидат тимовите и какви изненадувања може да се случат. Постојат земји каде што навистина не го познаваме фудбалот. Но Реал Мадрид секогаш е кандидат за освојување на трофејот”, смета поранешниот фудбалер на Валенсија.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
На прашањето кој му е омилен фудбалер во Реал Мадрид, аргентинскиот напаѓач одговори:
“Во Реал Мадрид е многу чудно, бидејќи има фудбалери кои ќе блескаат многу ако се посветат само на играта. За мене омилен би можел да биде Винисиус. Но што се случува? Тој повеќе игра со навивачите на трибините отколку со своите соиграчи. И според тоа што го слушам, има проблеми во соблекувалната, затоа што е посветен само на тоа да се забавува со фудбалот. Но кога игра сериозно, е феноменален. Не ми се допаѓаат неговите приказни, но навистина е феномен”, коментира аргентинецот.