Дома Фудбал Винисиус донел одлука: Не сака да остане таму каде што не е посакуван!

Винисиус донел одлука: Не сака да остане таму каде што не е посакуван!

Изгледа дека Винисиус Жуниор нема да остане уште долго во Реал Мадрид!

Откако на последниот натпревар против Леванте публиката го дочека со свирежи, Винисиус ги известил своите агенти да ги стопираат преговорите со клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразилецот веќе неколку месеци е во преговори со клубот за продолжување на договорот, но во моментов не изгледа дека е спремен да остане.

Според мадридските медиуми, по силните свирежи во саботата, Винисиус на своите агенти им кажал дека „не сака да биде таму каде што не е посакуван и каде што му свират навивачите“.

Винисиус веќе подолго време е на мета на критики од навивачите незадоволни од неговото однесување во последните месеци.

Дополнително, Бразилецот последните месеци е во слаба форма и имаше конфликти со Чаби Алонсо, па целата ситуација сугерира дека ваквиот развој на настаните не е неверојатен.

Да потсетиме, Винисиус веќе има понуди од Саудиска Арабија, но засега нема намера да ја напушти Европа.

Ќе го следиме развојот на ситуацијата, бидејќи во наредните месеци најверојатно ќе има многу изненадувања…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос се случуваше и на прес-конференцијата по финалето во Африканскиот Куп: Селекторот на Сенегал доби свирежи! (Видео)

Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето го совлада домаќинот на натпревару…