На натпреварот на „Месталја“, бразилската фудбалска ѕвезда Винисиус Жуниор беше во центарот на скандал, откако физички го нападна македонскиот голман Столе Димитриевски, а оваа постапка би можела да резултира со сериозна казна за напаѓачот на Реал Мадрид.
Инцидентот се случи кога Винисиус го удри Столе, што предизвика судијата да ја прегледа снимката на ВАР системот. По анализата, Бразилецот доби директен црвен картон, што дополнително го разлути и го поттикна да влезе во расправија со арбитерот.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Поради овој несоодветен потег, Винисиус веројатно нема да се соочи само со стандардна суспензија за црвен картон, туку постои опасност да добие значително построга санкција. Според шпанските медиуми, дисциплинските прописи на Фудбалската федерација на Шпанија предвидуваат строги мерки за вакви случаи.
„Член 104 од дисциплинскиот правилник на шпанската фудбалска федерација дефинира дека агресивното однесување на теренот се казнува со суспензија која може да трае од четири до 12 натпревари“, се наведува во објавите на шпанските спортски медиуми.
Vinicius Jr:
— Footy Humour (@FootyHumour) January 3, 2025
“I just want to play football.”
pic.twitter.com/3iqOW7oysM
Vini Jr. was shown a straight red for this against Valencia 😳 pic.twitter.com/frJrcrRk9R
— Football Report (@FootballReprt) January 3, 2025