Дома Фудбал Видете како Модриќ го понижи Лаутаро (видео)

Видете како Модриќ го понижи Лаутаро (видео)

Милан пред неколку дена во големото градско дерби со 1:0 го победи Интер во рамките на 12. коло од Серија А, а во моментов главна тема на социјалните мрежи е видео кое се појави и кое покажува каков судир имаа Лука Модриќ и Лаутаро Мартинез.

Модриќ е во центарот на вниманието откако само неколку дена по дербито на социјалните мрежи се појави видео кое изненади многумина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Истото се случи кога Модриќ во една ситуација направи фаул врз Бастони, што го направи намерно за да ја прекине контрата на Интер и интересно е што не доби жолт картон за тоа.

Сепак, иако Модриќ веднаш му пријде на Бастони за да му се извини, дојде Лаутаро Мартинез за да влезе во вербален, па дури и физички судир.

Капитенот на Интер неколкупати го одгурна Модриќ кој се обиде да се извини на Бастони, а иако многу играчи сигурно би „планеле“ по таквиот потег на Аргентинецот, на крајот, хрватскиот играч од средниот ред го игнорираше.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал оди во акција: Артета „посака“ бисер на Барселона, Флик даде „зелено светло“

Фудбалерите на Арсенал, како и фудбалерите на Барселона засега имаат многу добра сезона во…