
ПЕП ГВАРДИОЛА во еден момент од натпреварот меѓу Манчестер Сити и Арсенал, кој заврши нерешено, го изненади четвртиот судија Крег Павсон, кога го бакна за време на мечот од петтото коло на Премиер лигата. Сити поведе со 1:0 благодарение на голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута на Емирејтс. Изгледаше дека тимот на Гвардиола е на пат кон победа како што се ближеше крајот на натпреварот.
Но, прочуениот тренер на Сити рано почна да слави, па го фати Павсон за лице и се обиде да го бакне. Судијата успеа да се оддалечи, но навивачите останаа зачудени од овој потег. Еден од нив напиша: „Дали навистина Пеп го бакна судијата?“ Друг додаде: „Што се случува?!“ Трет рече: „Дали Пеп се обидува да го бакне судијата?“
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Иронија на ситуацијата беше што токму тогаш Сити ја изгуби својата предност кога Габриел Мартинели израмни во судиското продолжение. Видео од оваа ситуација можете да ja видите ТУКА.