
25-годишниот Мухамед Мокаев, според многумина најдобриот ММА борец во мува категорија во светот, стана шампион на Брејв организацијата поради спектакуларен нокаут во осмата секунда на борбата против Герард Бернс.
Мокаев, кој до неодамна настапуваше во УФЦ, каде што имаше совршен скор од седум победи без пораз, го подобри својот скор на 16-0 и ја придоби титулата на оваа организација.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Запиша трета победа во кариерата со нокаут и каква. Во осмата секунда од втората рунда испорача фантастична комбинација. Најпрво полесно го погоди противникот со нога, а потоа без да ја спушти, упати удар во главата. Комбинацијата ја заврши со директен удар во лицето, што го извади неговиот противник од борбата.