Дома Останати Кошарка Вестбрук со моќни зборови го опиша Јокиќ: Ти си најдобриот кошаркар во светот

Вестбрук со моќни зборови го опиша Јокиќ: Ти си најдобриот кошаркар во светот

Кошаркарите на Денвер Нагетс убедливо ја совладаа Атланта Хокс со 139:120 на својот прв меч во новата година, одигран во Бал Арена во Колорадо.

По овој дуел, своите впечатоци ги изнесе Расел Вестбрук. Тој со многу пофалби ја опиша играта на Јокиќ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Само благослов. Благодарен сум што сум здрав, влегуваме во нова година, прва победа во новата година. Неверојатни навивачи, одлична победа за нас вечерва. Јокиќ е најдобриот играч на светот. Моја работа е да му ја олеснувам играта, а тој тоа го прави за сите останати. Навистина е привилегија да се дели терен со него“, вели Вестбрук.

Вестбрук ја истакна и важноста на играта во одбраната.

„Треба да бидеме одговорни еден кон друг. Почнувам од себе, играјќи одбрана од првиот скок до крајот, без опуштање. Вечерва направивме одлична работа со подигнување на интензитетот во третата четвртина, што ни помогна да стигнеме до победа“, посочи тој.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Joкиќ прв знаел што ќе се случува во Денвер: Ми кажаа, немаше дисксија

По победата на Денвер против Сакраменто, Никола Јокиќ сподели некои нови детали за отказот…