
ФИА донесе пресуда во врска со инцидентот меѓу Макс Ферстапен и Џорџ Расел во завршницата од трката за Големата награда на Шпанија. Холанѓанецот е казнет со десет секунди, што значително го чинеше пласманот.
Во последните кругови од трката во Барселона дојде до контакт помеѓу Макс Верстапен и Џорџ Расел, а ФИА одлучи да го казни возачот на Ред Бул.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Иако првично забави за да го пропушти возачот на Мерцедес, Ферстапен потоа одеднаш забрза.
Токму тој потег доведе до контакт со Расел, кој тогаш се обидуваше да претекне од надворешната страна при сопирање за левиот свиок.
Расел на крајот успеа да ја преземе позицијата, а Ферстапен официјално го пропушти само во единаесеттиот свиок.
Сепак, ФИА одлучи дека Холанѓанецот е виновен за сударот и му изрече казна од десет секунди.
Казната беше доделена по завршувањето на трката, што значеше дека Верстапен падна од петтото на десеттото место.
Фото: Принтскрин