Дома Фудбал Останато Верстапен ја претстави новата кацига, има посебно значење (Фото)

Верстапен ја претстави новата кацига, има посебно значење (Фото)

Макс Верстапен, холандскиот возач на Ред Бул и четирикратен шампион во Формула 1, се подготвува за новата сезона во која сака да ја продолжи својата доминација, а со дизајнот на новата кацига му оддава чест на своето тркачко наследство.

Верстапен преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм им ја покажа на своите бројни фанови кацигата што ќе ја користи во новата сезона на Формула 1.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


“Ајде, се ближи сезоната за 2025 година”, порача актуелниот светски шампион, кој со дизајнот на кацигата му оддава чест на своите корени на повеќе начини.

Не се работи само за нов дизајн, туку и за порака и сеќавање на неговото патување од “чудо во картингот” до четирикратен шампион во Формула 1. За Верстапен, годинашната кацига е многу повеќе од дел опрема за трки, таа е симбол на еволуција, префинетост и семејното наследство. Нејзиниот дизајн е инспириран од оној што го користеше кога започна да се натпреварува како четиригодишник, и содржи суптилна посвета на неговиот татко Јос Верстапен, некогашен возач во Ф1 чие кацига оставила трајно влијание врз Макс.

“Дизајнот на кацигата е сличен на оној што го користев кога почнував да се тркам, кога бев четири години. Тој дизајн се базира на кацигата на мојот татко и јас сум многу горд на тоа. Кога почнав да возам трки, дизајнот на кацигата на татко ми ми беше многу важен. Ми се допаѓаше таа кацига и горд сум што ќе носам слична”, изјави Верстапен.

Секој детал од новиот дизајн раскажува приказна; црвените и сините линии го претставуваат знамето на Холандија, додека чистата и едноставна естетика, како и лавот на врвот, се печат на идентитетот на Верстапен.

“Дефинитивно може да се каже дека ова е нашиот семеен дизајн. Некои детали се изменети, но во основа ова е враќање на корените. Многу сум задоволен”, рече четирикратниот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светскиот рекорд и шампион се пожали: Јадам едно исто, некогаш е досадно

Арманд Дуплантис, еден од најдобрите атлетичари на денешнината, е освојувач на два олимпис…