Дома Фудбал Венгер откри кога ќе се одржува следното Светско клупско првенство

Венгер откри кога ќе се одржува следното Светско клупско првенство

Според легендарниот тренер, новото натпреварување е полн погодок.

Раководителот на глобалниот развој на фудбалот во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Арсен Венгер, искажа несогласување со поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, кој тврди дека Светското клупско првенство е “најнепаметната идеја воведена во фудбалот”, и потврди дека ова првенство ќе се организира секои четири години.

Венгер смета дека Светското клупско првенство во новиот формат со 32 клуба, кое за првпат се одржа летово во САД, беше успешно, со мечеви од висок квалитет и посетеност над очекуваното. Поранешниот тренер на Арсенал истакна дека сите 32 клуба кои учествуваа уживаа во искуството и дека „100 проценти повторно би сакале да учествуваат“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Венгер ги обвини скептичните европски медиуми и клубовите кои не успеаа да се квалификуваат за негативните коментари во Европа. 

„Секој има право на мислење, но јас воопшто не ја делам визијата на Јирген Клоп. Според мене, Светското клупско првенство е неопходно. Доколку ги прашате сите клубови што беа тука, 100 проценти ќе кажат дека сакаат повторно да учествуваат. Тоа е најдобриот одговор на прашањето што клубовите мислат за Светското клупско првенство“, подвлече Венгер, пренесе Скај.

Многу фудбалери, клубови, медиуми и навивачи минатата сезона го критикуваа новиот формат на Светското клупско првенство поради големиот број на натпревари, замор и можни повреди на играчите. Некои играчи дури најавија и штрајк поради згуснатиот календар.

„Клучното прашање е дали навивачите го поддржуваат? Веруваме дека проектираната посетеност беше ниска, но реалноста беше дека таа беше многу поголема. Тука лежи одговорот“, додаде поранешниот француски тренер. Венгер потврди дека турнирот ќе се одржува секои четири години. 

„Следниот ќе се одржи во 2029 година. Така е и со репрезентативниот Мундијал“, изјави тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик договори ѕвезда за 50 милиони евра во Барселона

Барселона ја заврши сезоната во која освои три трофеи. Под водство на Ханси Флик, тимот пр…