
Шпанецот има многу причини за славење – вторта титула на УС Опен, шести гран слем и враќање на врвот на АТП ранг листата. Овој пат одлучи своите успеси да ги прослави со тетоважа, што веќе станува и своја традиција.
Од претходно е познато дека момчето од Мурсија ги овековечува своите гран слем триумфи со трајни цртежи на кожата. Првите трофеи на УС Опен, Вимблдон и Ролан Гарос ги одбележа на овој начин.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„За мојот прв гран слем, УС Опен 2022 година, направив тетоважа со датум на подлактицата. Сега веројатно ќе направам две тетоважи, бидејќи се обложив пред да започне турнирот. Мислам дека Бруклинскиот мост е добра идеја, и се разбира – Статуа на слободата. Ќе ги направам и двете, плус датумот, бидејќи оваа титула е навистина посебна“, истакна 22-годишникот во разговор за ESPN.
Покрај веќе споменатата тетоважа за првиот успех во Големото Јаболко, Алкараз за првата титула во “Аll England Club” 2023 година под десната нога направи тетоважа на јагода, заедно со датум. Истата формула ја користеше и кога во 2024 го освојуваше парискиот гран слем, кога над глуждот на левата нога додаде Ајфеловата кула.