
По пауза од 20 дена, Лигата на шампионите повторно е во центарот на вниманието, а вечерва ќе можеме да видиме девет возбудливи натпревари. Најголемото внимание ќе го привлече дуелот во Лондон каде што ќе се судрат Арсенал и Атлетико Мадрид.
Двата тима прикажуваат извонредна форма во последно време. Арсенал се радуваше на пет победи по ред во сите натпреварувања, додека Атлетико постигна четири триумфи од последните пет средби. Ова ветува исклучителен и динамичен натпревар каде што гостите ќе имаат дополнителен мотив, бидејќи тие имаат една победа и еден пораз, додека Арсенал славеше на двата натпревара во Лигата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тимот на Пафос ќе игра против Кајрат, кој ги загуби двата претходни натпревари во Лигата на шампионите. Кипарскиот состав има освоено само еден бод, така што и двата тима ќе се стремат кон својата прва победа во сезоната.
Во Англија, силите ќе ги одмерат Њукасл и Бенфика. Гостите се под поголем притисок бидејќи ги загубија двата меча досега, а за продолжување на натпреварувањето, вечерва мора да напаѓаат на победа против Њукасл, кој има освоено три бода.
ПСВ има тежок испит пред своите фанови, каде што ќе се соочи со Наполи на нашиот Елиф Елмас, кој досега има една победа и еден пораз. Холандскиот тим има само еден бод и ќе се обиде да ја одземе победата од шампионот на Италија.
18:45 / Барселона – Олимпијакос
18:45 / Кајрат – Пафос
21:00 / Арсенал – Атл. Мадрид
21:00 / Бајер Леверкузен – ПСЖ
21:00 / Копенхаген – Бор. Дортмунд
21:00 / Њукасл – Бенфика
21:00 / ПСВ – Наполи
21:00 / Ројал Унион – Интер
21:00 / Виљареал – Ман. Сити