Дома Фудбал Важна промена во Серија А – се поради хулиганите на Рома и Лацио!

Важна промена во Серија А – се поради хулиганите на Рома и Лацио!

Натпреварите со висок ризик во италијанското првенство идната сезона нема да се играат во вечерните часови, одлучи италијанското Министерство за внатрешни работи како одговор на насилството што претходеше на неделното дерби во Рим.

“Во сезоната 2025/26 натпреварите со висок ризик нема да започнуваат во вечерните часови, како што беше случајот со натпреварот меѓу Лацио и Рома”, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи упатено до Италијанскиот фудбалски сојуз (FIGC).

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што јавуваат италијанските новински агенции ANSA и AGI, Министерството за внатрешни работи исто така им забрани на навивачите на Лацио и Рома да учествуваат на следните три гостински натпревари на нивните екипи. Овие објави следеа по жестоките судири на ултрасите на римските клубови со полицијата пред римското дерби, кое заврши со нерешен резултат (1:1).

Пред почетокот на натпреварот во 20:45 околу 500 ултраси на Лацио и Рома се обидоа да го пробијат полицискиот кордон поставен околу Олимпискиот стадион за да ги спречат судирите на навивачите на двете екипи. Полицијата го одби нападот на ултрасите, од кои некои беа вооружени со железни прачки и чекани, користејќи водни топови. Во судирите беа повредени 24 лица, а полицијата уапси тројца навивачи на Лацио и тројца навивачи на Рома, на кои им беше забранет пристапот до стадионот.

Фото: AS Roma
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…