Ферари ја заврши 2024 година на второто место во генералниот пласман на конструктори, со само 14 поени зад Мекларен.
Иако тие влегоа во сезоната со големи амбиции, почетните проблеми и падот во формата доведоа до заостанување не само зад Мекларен, туку и зад Ред Бул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, благодарение на импресивниот пресврт во втората половина од годината, Ферари успеа да ја направи борбата за титулата неизвесна до последната трка.
Говорејќи за предизвиците кои ги имаа, шефот на тимот, Фред Васер, нагласи дека клучната лекција од оваа сезона беше способноста на тимот да реагира во најтешките моменти.
„Најпозитивниот аспект од оваа сезона беше способноста на тимот да се прилагоди и реагира во моменти кога бевме во тешка ситуација.“
„Да се има добра динамика во тимот и да се постигнуваат резултати е едно, но реакцијата во кризните моменти како оние кои ги доживеавме во Шпанија и Австрија, е клучна за иднината. Токму на таквите реакции градиме доверба и темели за следните сезони. Мора да доаѓаме секое утро со цел да бидеме подобри од вчера. Тој менталитет е победнички. ,“ истакна Васер.
Иако техничките промени се ограничени за следната година, Ферари се фокусира на користење на сегашните ресурси и верува дека секој детал е важен за успех.