Дома Останати Ракомет Вардар веќе договорил ново засилување!

Вардар веќе договорил ново засилување!

РК Вардар се подготвува со свежи имиња за следната сезона, а едно од нив е српското десно крило Вукашин Воркапиќ, играч на Војводина, кој од лето ќе пристигне во Скопје – објави „Mozzart Sport“.

Воркапиќ, 28-годишен репрезентативец, ја започна кариерата во Металопластика, а во 2021 година замина во Франција, каде две години настапуваше за Иври. Минатата сезона се врати во Србија и повторно стана еден од носителите на играта во Војводина.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во редовите на Вардар доаѓа во период кога клубот планира промени на десната крилна страна. Мигел Пинто, Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ја покриваат оваа позиција сезонава, но со оглед на тоа што на Пинто и Георгиевски им завршуваат договорите, потребни се нови решенија – меѓу кои и Воркапиќ.

Црвено-црните добиваат уште едно засилување од Србија. Од јануари, тимот ќе го засили и бразилскиот репрезентативец Жоао Педро Да Силва, кој исто така доаѓа од редовите на Војводина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Навивачи на Вардар биле уапсени во Битола!

Во Битола вчера беше одиграно дербито помеѓу Пелистер и Вардар, а во него имало и приведен…