
Во рамките на почетокот на борбата за шампионската титула, Вардар на домашен терен го победи Алкалоид со завршниот резултат 34:26.
Клучната фаза во ракометната Суперлига беше одлично започната од страна на „црвено-црните“. Тие одиграа подобро во второто полувреме и заслужено го освоија натпреварот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Најголема заслуга за победата на Вардар имаа Вуко Борозан, кој постигна девет голови, заедно со голманот Мигел Еспиња кој реализираше 14 успешни интервенции.
Најдобар стрелец кај тимот на Алкалоид беше Мартин Серафимов, кој постигна седум погодоци.
Фото: РК Алкалоид