Дома Останати Ракомет Вардар се засили со Јапонец и Аргентинец!

Вардар се засили со Јапонец и Аргентинец!

Пред почетокот на новата сезона РК Вардар го зголеми својот играчки ростер со уште две интернационални имиња. Во следните две сезони нови членови на „црвено-црните“ ќе бидат два средни бека, Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно. Тие ќе се појават на подготовките на екипата на крајот од месецов.

Харуки Кавада е 19 годиншен јапонски среден бек кој доаѓа од младинска репрезентација која играше на последното СП во Полска. Таму Јапонја се пласираше во втората фаза и го освои 16 место.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кавада на Азиското првенство минатата година и беше прогласен за МВП. Го најавуваат како еден од идните најдобри играчи на Јапонијa.

Во новата сезона на позицијата среден бек ќе настапува и Николас Боно, кој има 27 години и игра за францускиот Истр. Средниот бек потекнува од Балестер од Аргентина, имаше кратка епизода и во бразилскиот Таубате. Играше за шпанските Замора и Синфин, а во тимот од Сантандер даде 140 голови на 29 меча. Потоа се пресели во Шербур, за во актуелнава сезона да го облече дресот на Истр.

Боно игра и за националниот тим на Аргентина, а во својата биографија има запишано настапи на првенството на Средна и Јужна Америка 2024, Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство 2025.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…