Дома Останати Ракомет Вардар работи со полна пареа, падна важен потпис!

Вардар работи со полна пареа, падна важен потпис!

РК Вардар ја продолжи соработката со Џуниор Тузолана, кој останува во црвено-црниот дрес до крајот на натпреварувачката сезона 2026/2027. Тузолана пристигна во клубот во септември како краткорочно засилување на позицијата лево крило, но со својот настап, ангажман и енергија брзо се наметна како играч што дава стабилност и сигурност на тимот, поради што управата без двоумење ја активираше опцијата за продолжување на договорот.

Тузолана веднаш се вклопи во системот и покажа дека е подготвен да одговори на темпото и барањата на клубот. Неговото искуство од француската лига, брзината во транзиција и сигурната реализација донесоа важна димензија во нападот, а истовремено создадоа дополнителна конкурентност во ростерот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од неговото пристигнување, Вардар продолжи со силното темпо во домашното првенство и со серијата позитивни резултати во Европа. Придонесот на Тузолана, иако во динамичен период на ротации и адаптација, беше препознаен и ценет, што ja потврдува и одлуката за продолжување на договорот.

Продолжувањето на соработката е силна порака дека Вардар размислува долгорочно и дека квалитетот и карактерот секогаш ќе бидат основа во изборот на играчи што го носат црвено-црниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

РФМ казнуваше за инцидентот во Охрид: Манасков суспендиран на три месеци!

Ракометната федерација на Македонија ја донесе конечната одлука околу случувањата по дерби…