Дома Топ вести Ван Дајк се огласи за својата иднина: Не очекував вакво прашање!

Ван Дајк се огласи за својата иднина: Не очекував вакво прашање!

Вирџил ван Дајк ги отфрли сугестиите за летен трансфер во Реал Мадрид, но призна дека нема „ништо да каже“ кога станува збор за можната продолжување на договорот со Ливерпул.

Холандскиот дефанзивец, кој во јули наполни 33 години, влегува во последните шест месеци од неговиот актуелен договор на „Енфилд и иако на Ливерпул му оди одлично на теренот, тој не е сигурен во својата иднина.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


По натпреварот, Еду Агире од „El Chiringuito“ беше директен во своето интервју со Ван Дајк, директно прашувајќи го дали ќе остане со Ливерпул по летото.

„Какво директно прашање од вас!“, со насмевка искоментира Ван Дајк, па продолжи: . „Не ми поставуваат така директни прашања, но слушајте, во моментов нема ништо да кажам. Единственото што можам да го кажам е дека сум целосно фокусиран на натпреварот со Манчестер Сити отсега.“

Интервјуто потоа се насочи кон можниот летен трансфер за Ван Дајк, кој беше потсетен дека и Едер Милитао и Давид Алаба се борат со повреди.

„Антонио Рудигер е таму, нели?” одговори тој.

Повторно директно прашан за шансите да се приклучи на Мадрид кога неговиот договор со Ливерпул ќе истече, Ван Дајк заклучи: „Кога? На лето? Како што кажав претходно, главниот фокус за мене е Манчестер Сити.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Барселона познат точниот датум кога Барселона се враќа дома!

Фудбалскиот клуб Барселона планира да се врати на стадионот Камп Ноу на 10 август, по две …