Дома Фудбал Ван Дајк им кажал на блиските каде ќе игра во иднина – не е ПСЖ!

Ван Дајк им кажал на блиските каде ќе игра во иднина – не е ПСЖ!

Одличниот стопер Вирџил Ван Дајк ги поминува последните месеци како играч на Ливерпул, бидејќи договорот му истекува на 30 јуни, а како што стојат работите, одлучил да ја промени средината.

Вирџил Ван Дајк важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот и веќе со години прикажува врвни настапи во дресот на Ливерпул, но очигледно е дека ова ќе биде неговата последна сезона на Енфилд.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Репрезентативецот на Холандија одлучил да замине кога ќе му истече договорот, за тоа веќе го известил англискиот клуб. Се пишуваше многу дека оди во ПСЖ, но изгледа дека нема да патува за Париз.

Иако неговата одлука не е конечна, извори блиски до Ван Дајк сугерираат дека тој веќе одлучил да ја прифати понудата од Баерн што би претставувало голем удар за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Сакам да го видам тој Реал Мадрид од првиот меч

Реал Мадрид изгледа како да е со една нога во четвртфиналето на Лигата на шампионите, отка…