
Арсенал беше убедлив против Астон Вила со победа од 4:1 во дербито на 19. коло од англиската Премиер лига кое се одигра на нивниот стадион Емирати во Лондон.
По изедначеното прво полувреме, Топџиите доминираа во првите 15 минути од второто, постигнувајќи три гола и решавајќи го исходот на мечот. Почнаа со водство во 48. минута преку голот на Габриел по корнер, Марти Зубимени го зголеми резултатот на 2:0 во 52. минута, додека Леандро Тросар во 69. минута донесе предност од 3:0.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
До 78. минута резултатот беше 4:0, откако Габриел Жезус прекрасно погоди од 18 метри. Гостите постигнаа почесен гол преку Воткинс во четвртата минута од судиското продолжение, но само минути претходно се случи неверојатен пропуст, за кој ќе се зборува со денови.
Воткинс одлично реагираше на центаршутот во казнениот простор, упати удар со глава и ја погоди стативата. Топката се одби до ногата на Џон Мекгин, кој од само два метра имаше лесна задача да ја испрати топката во мрежата, но Давид Раја оствари неверојатна одбрана.
David Raya со невозможен потег 🤯@Arsenal pic.twitter.com/Rv6RMQe1es
— Premier League (@premierleague) December 31, 2025