Дома Останати Тенис Вакво нешто не му се случило претходно: Алкараз има серија како никогаш претходно!

Вакво нешто не му се случило претходно: Алкараз има серија како никогаш претходно!

Извонредна игра за продолжување на најдолгата победничка серија во неговата кариера. Карлос Алкарас го надмина вистинскиот тест на патот до четвртфиналето во Квинс. Го доби првиот сет против својот сонародник Мунар, а потоа спаси шест сет топки, не искористи две меч топки, па му дозволи на противникот да израмни.

Третиот сет започна со брејк, но Мунар не се предаде – успеа да поведе со 4:2 – само за Алкарас на крајот да го запечати триумфот со 6:4, 6:7 (7:9), 7:5.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


– Се изнервирав кога тој водеше со 4:2 во третиот сет, но никогаш не раѕмислував дека е готово – истакнува светскиот тенисер број 2. – Сè ми одеше добро, освен сервисот. Едвај над 50 проценти успешност. Затоа ми направи два последователни брејка во третиот дел од натпреварот. Не сум навикнат на такви ситуации. Обично успевам да ги контролирам емоциите, но оваа средба ми беше тешка. Сепак, борбата се исплатеше.

Објаснува малите детали во размислувањето кои го прават непобедлив:

– Понекогаш сум негативен на теренот, но и тогаш не се откажувам. Важно е секогаш да се биде позитивен, но дури и кога тоа не можам, уште поважно е да се борам до крај. Секогаш треба да сте свесни дека може ќе дојде момент кога вашиот противник ќе ви понуди шанса и токму на тоа мислев сега.

Во последните четири турнири освои три титули. И тоа какви. Монте Карло, Рим и Ролан Гарос. Загуби само во финалето во Барселона, но го играше повреден и затоа го прескокна Мадрид. Од почетокот на Италијанскиот опен има серија од 15 победи, најдолга во кариерата.

Фото: ROLAND-GARROS/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Швјонтек го нападнала новинарот на Ју-Ес Опен (Видео)

Полската тенисерка Ига Швјонтек имаше расправија со новинар на Ју-Ес Опен. Швјонтек беше е…