Дома Фудбал Вакво нешто досега не е видено: Тухел има идеја за СП која ги изненади сите

Вакво нешто досега не е видено: Тухел има идеја за СП која ги изненади сите

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, најави необична тактика за настапот на таа селекција на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Во денот кога се одржува ждрепката за најголемото планетарно натпреварување следната година, пристигна неговата изјава која многумина ги изненади.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тухел разгледува можност резервните играчи за време на натпреварот да не бидат на клупата, туку во соблекувалните и од таму да ги следат случувањата.

Причината се температурите на воздухот кои во одредени градови, а Мундијалот се игра во вкупно 16, ќе надминуваат 40 степени.

Поради тоа, Тухел смета дека на резервистите ќе им биде полесно да го гледаат натпреварот на телевизорот од климатизираните простории, наместо да се изложени на толкава жештина.

„Ако тоа ни помогне подоцна во играта, кога ќе влезат на теренот, сметаме дека е тоа можност што можеме да ја искористиме. Никому тоа не му се допаѓа, затоа што сакам играчите да бидат овде и да ја почувствуваат енергијата и да пренесат енергија од клупата на теренот, но знам каква е користа”, рече Тухел и додаде:

“Гледав тимови и играчи како тоа го прават на Светското клупско првенство. Се надевам дека можеме да го избегнеме тоа. Секогаш е подобро ако можат да бидат со нас”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинарот го спомена Мeјну, Аморим „прсна“ од смеење – навивачите бараат моментален отказ

Реакцијата на Рубен Аморим на прес-конференцијата по ремито од 1:1 против Вест Хем кружи н…