
Возбудливо прво полувреме во дуелот меѓу Челзи и Ајакс, кое донесе вистински хаос со пет постигнати голови, црвен картон и три пенали.
Се започна со остар старт на Кенет Тејлор, кој веднаш доби директно исклучување во 17-тата минута.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Халфот на Ајакс првично не доби црвен картон, но судијата Феликс Цвајер доби сигнал од ВАР собата. Следеше реакција каква ретко се гледа – ВАР разгледуваше ситуацијата за помалку од две секунди.
Одлучи дека Тејлор го удрил противничкиот играч со дното на неговата копачка и веднаш го исклучи. Ова е вистинска реткост во фудбалот, каде што судиите понекогаш трошат минути за одлука. Мора да се признае дека оваа ситуација беше повеќе од очигледна.
Можете да ја видите ситуацијата овде.
Првото полувреме беше со пет погодоци, црвен картон и уште три пенали, а Челзи води со 4:1.