
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс славеа победа против Шарлот Хорнетс во Спектрум Центарот со резултат 94:87, но она што го обележа мечот беше срамниот настап на домашниот играч ЛаМело Бол (24).
Бол помина 22 минути на теренот, постигнувајќи седум асистенции, пет скока и само два поена, додека шутот му беше потполно разочарувачки.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ѕвездата на Хорнетс ги промаши сите 10 обиди за три поени, а исто така успеа да постигне само еден кош од шут за два поени со четири дополнителни промашувања. Вкупно промаши 14 шута.
Тој заврши со 6,7 проценти реализирани удари од игра, што претходно не успеал никој во историјата на НБА лигата.
LAMELO BALL TONIGHT:
— NBA Tour Dates (@NBATourDates) January 22, 2026
6.7% FG
1-15 FGM
0-10 3PM
First player in NBA HISTORY to finish a game shooting 6.7% from the field 😭🔥pic.twitter.com/DiAFXAIwyg https://t.co/r65AWpMLis
Кливленд веќе до полувремето го реши натпреварот, создавајќи голема предност, која домашните кошаркари успеаја само да ја намалат на крајните седум поена разлика.
Најдобар во редовите на Кливленд беше Донован Мичел со 24 поени, исто колку и најефиксниот играч на Хорнетс, Брендон Милер.
Кливленд е на петтото место на Источната конференција на НБА лигата со 25 победи и 20 порази, додека Шарлот се наоѓа на 12-та позиција на Истокот со резултат од 16-28.