Дома Фудбал Ужас во Барселона, автомобил влета меѓу навивачите, има повредени

Ужас во Барселона, автомобил влета меѓу навивачите, има повредени

Ужасни вести доаѓаат од Барселона за време на дуелот на каталонскиот гигант со Еспањол.

Непознато лице со автомобил влета меѓу навивачите собрани пред стадионот, според шпанските медиуми има и повредени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На снимката која се појави на социјалните мрежи, се гледа бел автомобил кој се доближува до местото каде што е собрана голема група навивачи кои фрлаат шишиња кон него.

Возилото по кратко застанување со голема брзина помина низ групата навивачи. На местото на настанот има и голем број полицајци од специјалната единица.

Не е познато, барем медиумите засега немаат таква информација, што претходело на овој ужасен настан.

Барселона и Еспањол играат натпревар кој би можел да го реши прашањето за шампионот на Шпанија.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул претстави нов дрес, навивачите воодушевени (Фото)

Актуелниот првак на Англија ја претстави својата нова, трета гарнитура на дресови за теков…