Дома Фудбал Ужас во Англија: Убиeн фудбалер во ноќен клуб!

Ужас во Англија: Убиeн фудбалер во ноќен клуб!

Играчот на полупрофесионалниот англиски нисколигаш Бартон Таун, Џејмс Хичкок (30), бил убиен во напад на железничката станица во Јорк, објавија БиБиСи и клубот на Хичкок. Хичкок бил нападнат околу 20:45 и набрзо починал во болница поради сериозни повреди на главата.

Полицијата го приведе 22-годишниот Мекензи Дичико како осомничен за убиството. Зад Хичкок останаа сопругата и неговото дете. Тој играше на позицијата голман, и на клубот кој се натпреварува во Нортхерн Каунтис Ист Лига се приклучи минатото лето од редовите на Бридлингтон Таун.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Неговите соиграчи велат дека бил тивок, но омилен член на соблекувалната. Претседателот на клубот, Марк Грегори, изјави: „Веста за смртта на Џејмс беше тешка да се прифати. Тоа е ужасно. Џејмс беше популарен член на клубот. Сите сме скршени. Ние сме клуб на многу блиски индивидуалци.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот пред ПСЖ: Никој не одигра така против нас ова сезона

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изрази признание за Пари Сен Жермен за одличната игра, но …