Дома Останати Кошарка Добри вести за Далас: Познато кога се враќа Кајри Ирвинг

Добри вести за Далас: Познато кога се враќа Кајри Ирвинг

Тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид, рече дека Кајри Ирвинг најверојатно ќе се врати на теренот во 2025 година, што е добра вест за Маверикс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да потсетиме, Кајри се повреди во март кога ги скина лигаментите на коленото, па по операцијата започна процес на опоравување и се чекаше да се види кога 33-годишниот плејмејкер ќе се врати во игра.

„Со нетрпение го очекуваме враќањето на Кајри. Очекуваме дека тоа ќе се случи пред Нова година, но ќе видиме како ќе се развиваат работите. Кога го гледаме како шутира, воздржуваме од коментари дека напредува подобро од очекуваното и иако изгледа добро, треба да почекаме. Се случија многу позитивни нешта, но не треба да тврдиме дека е подобро од очекуваното, тоа не би било фер ни кон него ни кон Маверикс”, изјави Џејсон Кид.

Опоравувањето од таква повреда трае околу девет месеци, па ако се врати Ирвинг во декември, тоа ќе биде навистина добро за Маверикс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…