Дома Фудбал Неверство или нешто друго: Дали Ана е виновна за разделбата на Јамал со девојката? (Фото)

Неверство или нешто друго: Дали Ана е виновна за разделбата на Јамал со девојката? (Фото)

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал неодамна потврди дека ја прекинал врската со аргентинската пејачка Ники Никол, неколку дена откако се појавија гласини дека ја изневерил својата, сега веќе поранешна девојка, со италијанска инфлуенсерка.

Новинарот Хавијер де Охос ја прочита во емисијата “Д Корасон” на шпанската телевизија Ла 1 пораката која, како што тврди, ја добил од 18-годишниот фудбалер, во која Ламин јасно кажал дека немало неверство, туку едноставно решиле да тргнат по различни патишта.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Ламин ми напиша токму сега. Ова е ексклузивна информација. Тој и Ники веќе не се заедно, но сакаат да разјаснат некои работи бидејќи во последните денови се појавиле многу шпекулации дали бил неверен или не – рече де Охос.

Ламин го порача дека се разделиле, но тоа нема никаква врска со неверно однесување. Исто така, ги негираше наводите дека неговото патување во Италија било поврзано со нови врски, истакнувајќи дека бил сам кога отпатувал.

Меѓутоа, оваа вест доаѓа по шпекулациите во шпанските медиуми, кои тврдеа дека Ламин наводно ја сретнал италијанската инфлуенсерка Ана Ѓеноза за време на неодамнешното патување во Милано, што повторно ги покрена шпекулациите за неговата наводна врска со неа.

Инаку, Ана е навивачка на Наполи и беше поврзувана со Јамал на пролет оваа година.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …