
Манчестер Сити доминантно го победи Борнмут во рамките на десеттото коло од Премиер лигата, а Пеп Гвардиола имаше многу интересна изјава.
„Граѓаните“ се соземаа по поразот од Астон Вила во претходното коло и се искачија на второто место на табелата, претекнувајќи го токму Борнмут кој го совладаа оваа вечер.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
На Пеп Гвардиола му се врати насмевката на лицето, за што најзаслужен беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола. На прес-конференцијата по завршувањето на натпреварот, Гвардиола имаше интересна забелешка поврзана со борбата за титулата:
– Најверојатно Арсенал еден ден ќе прими гол, нели – беше ироничен Гвардиола.
Арсенал има убедливо најдобра одбрана во лигата. Лондонскиот клуб е на првото место на табелата, а по десет натпревари примил само три гола.