Дома Боречки спортови Скандал во УФЦ: Американец доби отказ, обвинет е дека наместил борба

Скандал во УФЦ: Американец доби отказ, обвинет е дека наместил борба

Американскиот ММА борец Ајзак Дулгариан (29) доби отказ од УФЦ откако се појавија сомнежи дека ја наместил својата последна борба која ја имаше за време на настанот УФЦ Вегас 110 минатиот викенд.

Дулгариан се соочи со Јадиер Дел Вале и важеше за огромен фаворит пред борбата.

Сепак, Кубанецот победи со ‘rear naked choke’ уште во првата рунда, по што беа утврдени неверојатно големи уплати за победа на Дел Вале со прекин во првата рунда.

Движењето на коефициентите беше толку сомнително што голем број светски обложувалници ја повлекоа борбата од својата понуда, но голем број од уплатите за победата на Дел Вале беа веќе исплатени, што предизвика сомневање околу регуларноста на мечот.

Познатиот ММА новинар Ариел Хелвани прв објави дека УФЦ го отпуштил Дулгариан.

Дулгариан, официјално ќе биде објавено, добил отказ поради поразот со кој неговиот скор во УФЦ се доведе на 2-2, а бидејќи најсилната светска ММА организација обично не дава откази во такви случаи, гласините околу наместеност на исходот на борбата стануваат се посилни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …