Дома Останати Тенис Уште едно изненадување на Австралија Опен: Елиминиран Каспер Руд!

Уште едно изненадување на Австралија Опен: Елиминиран Каспер Руд!

Норвешкиот тенисер Каспер Руд беше поразен во второто коло на Австралиан опен. Од него беше подобар тенисерот од Чешка Јакуб Меншик со резултат 3:1 (6:2, 3:6, 6:1, 6:4).

Руд беше шести фаворит во ждребот, додека Меншик моментално е 48. тенисер во светот и овој резултат на хартија претставува изненадување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, за оние кои се запознати со талентот на 19-годишниот чешки тенисер и неговиот разорен сервис, ваквиот исход и не е толку шокирачки.

Тој испорача дури 22 аса, доминираше во своите сервис гемови, додека само еднаш изгуби гем на свој сервис во третиот сет.

Момчето од Простејов имаше дури 62 директни поени на крајот од натпреварот, наспроти 30 на Руд.

Во третото коло, противник на Меншик ќе биде победникот од мечот меѓу Канаѓанецот Оже-Алијасиме и Шпанецот Давидович Фокина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа гази сè пред себе во Романија – со триумф го отвори новиот турнир

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска забележа нова победа во Романија, со…