Дома Фудбал Уште еден тежок удар за Пеп: Остана без важен фудбалер подолг период!

Уште еден тежок удар за Пеп: Остана без важен фудбалер подолг период!

Поради лошите резултати во сите натпреварувања освен во ФА купот, актуелниот шампион на Англија доби вест која ќе ја продлабочи кризата. Мануел Аканџи (29), незаменливиот стопер на Манчестер Сити, кој во поразот од Реал (2:3) во последниот меч играше како десен бек, на споменатата утакмица од Лигата на шампионите заработи повреди на мускулот и ќе мора на операција. Нема да биде достапен барем два месеци.

Аканџи поради повредата го напушти теренот на полувремето во првата утакмица од плејофот за нокаут-фазата на Лигата на шампионите и сега неговиот тренер ја објави сериозноста на повредата и колку долго ќе отсуствува: “Мануел утре оди на операција. Нема да биде тука меѓу осум и десет недели”, изјави Пеп Гвардиола.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Клучниот играч на Сити ќе се врати најрано средината на април. Него против Реал го замени Рико Луис (20), но Реал во второто полувреме очигледно постојано го напаѓаше тој дел, детектирајќи дека без Аканџи тоа е слаба страна на противникот.

Аканџи пристигна во Сити летото 2022 година од Борусија Дортмунд со отштета од 20 милиони евра. Две и пол години подоцна, Трансфермаркт му ја проценува вредноста на 40 милиони евра. За Сити одигра 126 натпревари. Освои две титули во Англија и по една во Лигата на шампионите и ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни направи идеален тим од играчи на Реал и Арсенал: 8:3 за Мадриѓаните

Легендата на Манчестер Јунајтед, Евертон и англиската репрезентација, Вејн Руни, беше замо…