Дома Останати Тенис Украинка победи Русинката, погледнете што се случи наместо поздрав на мрежата (Видео)

Украинка победи Русинката, погледнете што се случи наместо поздрав на мрежата (Видео)

Претходната вечер беше комплетирано осминафиналето на Мастерсот во Монтреал, а една од најубедливите победи ја оствари Украинката Елина Свитолина против Русинката Ана Калинскаја со 2-0 (6:1, 6:1). Натпреварот траеше само 55 минути.

На самиот терен немаше дилема кој ќе победи, бидејќи Ана Калинскаја делуваше непрепознатливо, откако неодамна играше и финале во Вашингтон, во кое беше поразена од Лејла Фернандез. Елина Свитолина ја оправда улогата на фаворитка и со цели 21 винер, спротив деветте неиспровоцирани грешки, ја порази својата противничка.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Она што посебно привлече внимание по натпреварот е начинот на кој двете тенисерки го напуштија теренот, во согласност со ставот на украинските тенисерки да не подаваат рака на Русинките поради конфликтот кој трае веќе неколку години.

Во овој случај, Калинскаја прва отиде до судијата за да се поздрави, потоа продолжи кон својата клупа. Свитолина не се сврте, туку по краткото славје на теренот, помина зад Русинката и исто така го поздрави само судијата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз: Никогаш не сум го видел Медведев да игра вака

Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз за прв пат загуби оваа сезона, по 16 победи и …