Дома Фудбал УЕФА му се извини на Тотенхем за грешката со медалите

УЕФА му се извини на Тотенхем за грешката со медалите

Неверојатен гаф направи УЕФА при церемонијата на доделување на медали на освојувачите на Лига Европа. Тотенхем со победа над Манчестер Јунајтед од 1:0 во Билбао го освои првиот трофеј по 17 години. Играчите и навивачите бурно го славеа историскиот триумф, но организаторот на натпреварувањето ја расипа прославата.

Играчите и членовите на стручниот штаб на Тотенхем застанаа во ред за да примат медали наменети за победниците од Александер Чеферин, претседателот на УЕФА. Словенецот ги делеше, но кога дојде редот на Сон Хјунг Мин, Кристијан Ромеро и Родриго Бентанкур, остана без медали.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Така, тројца клучни играчи на Спарс не добија заслужено признание. Чеферин, кога виде дека нема медали за тројката на Спарс, разговараше со луѓето од протоколот, но очигледно УЕФА не имала доволно одличија за освојувачите, па капитенот Сон, Ромеро и Бентанкур наместо медали мораа да се задоволат само со ракување со Чеферин.

UEFA ran out of medals for Son, Romero and Bentacur
byu/justwannabeehappy insoccer

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез чукна на вратата на Арсенал, од Лондон му порачаа: „150 милиони евра и можеш да го имаш“

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за еден од најдобрите средни играчи во светот, Деклан …