Дома Фудбал УЕФА ја казни Барселона со неколку дисциплински мерки; Јамал, Левандовски и Флик меѓу казнетите

УЕФА ја казни Барселона со неколку дисциплински мерки; Јамал, Левандовски и Флик меѓу казнетите

УЕФА изрече неколку санкции на Барселона по повод последниот натпревар на тимот во Лигата на шампионите минатата сезона, односно реваншот со Интер на полуфиналето на турнирот, известува “Марка”.

Ѕвездите на Барселона Ламин Јамал и Роберт Левандовски се казнети со по 5000 евра, поради тоа што ги прекршиле правилата за антидопинг контрола. Двајцата играчи не се појавиле веднаш по завршувањето на натпреварот на местото каде што требало да им бидат земени примероци.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Уште потешки санкции добиле тренерот Ханзи Флик и неговиот помошник Маркус Сорг. Казнети се за еден натпревар и им се изречени глоби од по 20 000 евра поради непристојно однесување за време на дуелот на “Џузепе Меаца”.

Клубот, исто така, доби две парични санкции: 5250 евра поради фрлање предмети на теренот од страна на нивната навивачка група, како и уште 2500 евра за користење пиротехнички средства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…