Дома Фудбал УЕФА донесе одлука: Финалето на ЛШ никогаш повеќе нема да се игра во 21 часот

УЕФА донесе одлука: Финалето на ЛШ никогаш повеќе нема да се игра во 21 часот

Денеска ќе биде одржана ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, а навивачите со нетрпение чекаат да видат со кого ќе играат клубовите за кои навиваат.

Она што е од порано познато е дека финалето ќе се игра на Пушкаш Арена во Будимпешта на 30 мај, а сега е јасно и во колку часот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


УЕФА донесе одлука дека финалето повеќе нема да се игра во 21 часот како што беше случај досега.

Како причина се наведува дека оваа одлука е донесена во корист на навивачите, екипите, но и градовите домаќини.

УЕФА денеска објави дека од оваа сезона финалето на Лигата на шампионите нема повеќе да биде во 21 час, туку во 18 часот.

„Нашата цел е да го направиме ова искуство што е можно подобро за сите кои сакаат да бидат дел од него, создавајќи одлична атмосфера, но и да можат семејствата и децата да присуствуваат на ваков натпревар.

За навивачите кои патуваат, ова ќе значи поголема можност во јавниот транспорт, особено по натпреварот, но и посигурен начин за враќање дома од стадионот.

За клубовите домаќини, ова ќе има значење од економска страна бидејќи навивачите ќе имаат повеќе време да ја слават победата на својот тим.

Со оваа промена го ставаме искуството на навивачите во срцето на нашето планирање. Финалето на Лигата на шампионите е „врвот“ на фудбалската сезона и многу е важно кога ќе започне таков настан”, велат од UEFA.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Состојбата во Шкупи уште е алармантна, луѓето кои го водеа се обвинети за местење натпревари“

Екипата на Шкупи поминува низ турбулентен период, а на социјалните мрежи сега повторно се …