Дома Фудбал Репрезентации УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска на „Максимир“.

ХНС така ќе треба да уплати 24.500 евра во касата на УЕФА. Хрватите се казнети за фрлање предмети (13.500), палење факели (3.000) и блокирање скали (8.000).

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Сето тоа се случи на 12 октомври во Загреб, кога Хрватите ги совладаа Шкотите со резултат 2:1 во Лигата на нации.

Хрватска неодамна беше поразена од Шкотска со 1:0 во Глазгов, па ремизираше 1:1 со Португалија во Сплит и на крајот успеа да се пласира од втората позиција во групата, зад Португалците, во четвртфиналето на Лигата на нации. .

На денешната ждребка за четвртфиналето за противник ја добија селекцијата на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Радост во Барселона: Гави конечно ги обнови тренинзите

Талентираниот халф на Барселона, Гави, денес ги обнови тренинзите со основната група, што …