
Брони Џејмс, играч на Лос Анџелес Лејкерс и син на Леброн Џејмс, е испратен во Саут Беј Лејкерс, развојната филијала на славната франшиза.
Одлуката доаѓа само неколку дена откако неговиот татко Леброн ја започна својата 23-та сезона во НБА лигата, со што стана рекордер по бројот на одиграни сезони во историјата. Брони, кој неодамна наполни 21 година, се враќа во натпреварувањето кое добро го познава од минатата сезона.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Брони дебитираше во НБА лигата на 22 октомври 2024 година во првиот натпревар на сезоната против Минесота Тимбервулвс. Играше само три минути, но и тоа беше доволно за да влезе во историјата заедно со неговиот татко како прв пар татко и син кои го делеа паркетот на една НБА утакмица.