Италијанските медиуми веќе со денови пишуваат за хаосот во Наполи.
Екипата на Наполи се соочи со неочекувани проблеми оваа сезона. Откако тимот нанижа слаби резултати, претседателот Аурелио Де Лаурентис ги изгуби нервите и после поразот од Рома нареди играчите да одат во седумдневен карантин. Меѓутоа фудбалерите на своја рака веќе после следниот натпревар со Салзбург во Лигата на шампионите си се вратиле во своите домови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Де Лаурентис има намера да се ослободи од предводниците на побуната, еден од нив е Дрис Мертенс.
На Мертенс договорот му истекува на крајот од сезоната и Де Лаурентис нема намера истиот да му го продолжи. Поради тоа ако сака нешто да заработи ќе мора да го продаде веќе во јануари.
Италијаните прво пишуваа дека за Белгиецот интерес покажал Интер, а сега во трката наводно се вклучиле Милан и Јувентус.
„Росонерите“ сакаат да доведат уште еден напаѓач со оглед на тоа дека полскиот голгетер Криштоф Пјонтек се мачи со формата оваа сезона. Мертенс изгледа како добра и евтина опција.
Од друга страна Маурицио Сари добро ги познава неговите квалитети бидејќи го тренираше во Наполи и под негово водство Мертенс постигна 34 гола во сезоната 2016/17 во сите натпреварувања.
Како ќе се заврши оваа приказна останува да видиме во наредните денови.