Дома Топ вести Tрансфери во живо: Перез подготвува сензационална размена, Ван Перси пред враќање во поранешниот клуб, Алкантара изненади…

Tрансфери во живо: Перез подготвува сензационална размена, Ван Перси пред враќање во поранешниот клуб, Алкантара изненади…

transferi

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер новости.

– Реномираниот француски весник „Л’Eкип“ пренесува дека Весли Снајдер наскоро ќе стави крај на авантурата во Ница и ќе се пресели во МЛС лигата во тимот на Лос Анџелес Галакси. (ОВДЕ)



Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


– Наводно Кристиано Роналдо му соопштил на Флорентино Перез дека двајцата голмани на Реал Мадрид, Кико Касиља и Кејлор Навас не се доволно добри за тимот на „кралевите“. (ОВДЕ)


– Вториот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро наводно побарал дозвола да го напушти „Олд Трафорд“. (ОВДЕ)


Алекс Сандро и во текот на летото беше на мета на Челзи. „Сините“ не се откажале од Бразилецот, а понудата која се споменува во медиумите изнесува 56 милиони евра. (ОВДЕ)


– ДОГОВОРЕНО: Луис Вието пристигна пристигна во Валенсија на лекарски прегледи. Аргентиенцот го одби Спортинг и се одлучи да настапува за тимот на Валенсија.


– ОФИЦИЈАЛНО: Седрик Тешер е нов фудбалер на Шалке. Овој напаѓач пристигнува од Нирмберг за сума од 1.5 милион евра.


– Италијанска Рома покажа интерес за фудбалерот на ПСЖ Грегори Крачовијак кој оваа сезона ја оживеаа својата кариера во ВБА како позајмен фудбалер.


– Како што пренесува англсики „Мирор“ Арсен Венгер ја одредил цената за Алексис Санчез и тој може да замине за сума од поголема од 25 милиони фунти! (ОВДЕ)


– Антонио Конте дал зелено светло за заминување на Давид Луиз и Мичу Батшуаи.


– „Тутспорт“ пренесува дека Јувентус наскоро со сите силе ќе тргне по потписот на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ. На ова може да се додаде и дека Савиќ неодамна беше забележан во Торино. (ОВДЕ)


– НАЈНОВО: „Дејли Експрес“ пренесува дека Фелипе Кутињо наскоро ќе стане нов член на Барселона!



– ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Како што пренесуваат англиските медиуми, луѓето од Манчестер Сити имале средба со дефанзивецот на Барселона, Умтити!



12:53, 03.01.2017
– Aрсенал во наредните денови се очекува да го комплетира трансферот на грчкиот фудбалер Констатинос Мавропанос, се очекува сумата на оваа зделка да изнесува 2.2 милиони евра. (ОВДЕ)

– ДОГОВОРЕНО: Хрватот од редовите на Јувентус, Марко Пјаца заминвуа на позајмица во Шалке за сума од еден милион евра, плус 500.000 како бонуси. (ОВДЕ)

– ДОГОВОРЕНО: Ѕвездата на Виљареал Сердик Бакамбу го комплетираше трансферот во Кина во тимот на Пекинг Гуан, за сума од 40 милиони евра. (ОВДЕ) 

– ДОГОВОРЕНО: Младиот 20 годишен фудбалер од Б тимот на Валенсија, Рафа Мира го избра Вулверхемптон иако за него беше заинтересиран и Реал Мадрид! (ОВДЕ)

– Бразилецот со Хрватски пасош, Едуардо кој се прослави со настапите за Арсенал од денес има нов клуб и ќе настапува за тимот на Легија Варшава. (ОВДЕ)

– Според „Марка“ Алексис Санчез се договорил со Пеп Гвардиола и ќе се пресели во Манчестер Сити! (ОВДЕ)

– Дефанзивецот кој не е во плановите на Наполи, Србинот Никола Максимовиќ се најде на радарот на Милан. (ОВДЕ)

– Кинески клуб испратил понуда до Никола Калиниќ, но напаѓачот кој минатото лето пристигна од Фиорентина истата ја одбил. (ОВДЕ)

– Tиаго Алкантара наводно е незадоволен во Минхен и сака да се врати во Барселона.

 

– По тврдиот став на Мурињо да го задржи Микхтаријан, Интер би можел да се обиде да го доведе Ерик Ламела од редовите на Тотенхем. (ОВДЕ)

– Според англиските медиуми, веднаш по трнасферот на Кутињо кој се очекува да биде потврден во секој момент Ливерпул ќе тргне по фудбалерот на Барселона, Рафиња кој во својот договор има откупна клазула од 75 милиони евра.

– Според „Диарио гол“ Фелипе Кутињо веќе го избрал својот број во Барселона, а тоа е дресот со број 7, кој во овој момент му припаѓа на Арда Туран. (OВДЕ)

– Холандскиот ветеран Робин Ван Перси според последните информации ќе го раскине договорот со турскиот гигант Фенербахче, најсериозен кандидат за негово доведување е неговиот поранешен клуб Фејенорд. (ОВДЕ)

– Иако утрово се појави информација дека тимот на Рома покажува интерес за Криховијак, сега последните информации од Шпанија говорат дека овој фудбалер се враќа во Шпанија во редовите на Севиља заедно со поранешниот член на Реал Мадрид и Лас Палмас, Хесе Родригез. (ОВДЕ)

– Ова би било СЕНЗАЦИЈА! Според „Гоал“ Флорентино Перез подготуваа понуда од 150 милиони евра и Герет Бејл за ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн! (ОВДЕ)

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал почна преговори со ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид веќе почнал преговори со десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, прен…