Дома Трансфер зона Снајдер ја напушта Ница – позната следната дестинација!

Снајдер ја напушта Ница – позната следната дестинација!

Еминентниот француски весник „Екип“ открива дека авантурата на Весли Снајдер во Ница е при крај и дека Холанѓанецот наскоро ќе го напушти францускиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според сознанијата на „Екип“ следната дестинација на Снајдер ќе биде Лос Анџелес Галакси.

33-годишниот плејмејкер минатото лето пристигна во Ница од Галатасарај, каде помина четири години и освои вкупно 8 трофеи во Турција.

Снајдер своите најдобри денови ги помина во Интер каде беше еден од најважните фудбалери на тимот од Мурињо кој ја освои тројната круна.

Тој е рекордер по бројот на настапи за холандската репрезентација (133), играше на три Светски и три Европски првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…